| |

Министерката за туризам на Бугариja Зарица Динкова кон децата во бугарското училиште во Истанбул: Веруваме во вас

Министерката за туризам на Бугарија Зарица Динкова се сретна со учениците на бугарското неделно училиште Св. Св. Кирил и Методиј“ во Истанбул по повод отворањето на новата учебна година, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.

„Верувам дека моќта на образованието е важна за иднината на нашите деца. Среќна сум што денеска сум тука со вас во ова катче, каде сите вие ​​чувате дел од Бугарија“, рече министерката Динкова.

Таа им посака добредојде на учениците и упати апел до нив да бидат насмеани, мотивирани и подготвени за предизвиците што претстојат. Ние веруваме во вас, веруваме во тоа дека можете да постигнете сѐ што сонувате“, рече Зарица Динкова.

Во своето обраќање таа истакна дека во училиштето децата стекнуваат знаење и самодоверба за да се развијат во силни и успешни млади луѓе, од кои секогаш има потреба. Таа посака прекрасна и успешна учебна година збогатена со нови знаења и пријатели.

Министерката Динкова на директорката на Бугарското неделно училиште Павлина Копано ѝ подари стилизирана роза, симбол на Бугарија, а на претседателот на Фондацијата на православните цркви на Бугарската егзархија во Истанбул – икона на Св. Мина. На настанот присуствуваше и генералниот конзул на Бугарија во Истанбул Васил В’лчев.

Неделното училиште „Св. Св. Кирил и Методиј” во Истанбул е формирано во 2015 година на иницијатива на Генералниот конзулат и со помош на Фондацијата на Православната црква на Бугарската егзархија. Главната цел на училиштето е организирање на квалитетно образование на бугарски јазик и литература , за деца и возрасни, како и и реализација на активности за зачувување на националната самосвест и бугарскиот културен идентитет на Бугарите во Истанбул.



Слични Објави