ВИДЕО: АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕШЕ?

//

Канцеларката Меркел повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако камерите забележаа дека повторно телото и се тресе за време на средба со финскиот премиер Анти Рине во Берлин.

Меркел започнала да се тресе додека ја гледала промената на почесната стража во чест на доаѓањето на премиерот на Финска.

Во изминатите неколку недели Меркел на двапати е забележана како неконтролирано се тресе на јавен настап.

Првиот пат тоа се случи на 18 јуни за време на пречекот на новиот претседател на Украина Владимир Зеленски. Второто тресење е забележано на 27 јуни кога Меркел присуствувала на официјална церемонија во Берлин.



Извор: Канал5

Претходна статија

ПОВИСОКИ ЦЕНИТЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ГОДИШНО НИВО

Следна статија

СООБРАЌАЈКА ВО КУМАНОВО: 72-ГОДИШЕН МАЖ УДРИЛ ВО 47-ГОДИШНА ЖЕНА

Најново од Вести