ВМРО ДПМНЕ : ЕКОНОМИЈАТА НА ДРЖАВАТА ТОНЕ, А СДСМ СЕ РАСФРЛА СО ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
СДСМ го цени успехот според тоа колку народни пари ќе успее да искраде криминалниот картел околу Заев.
Жално, но економски крах на државата и реализирани само 21,33% од вкупните планирани капитални инвестиции за СДСМ е економија во добар правец.
Историски најлошиот резултат на реализирани капитални инвестиции во првите 7 месеци, за СДСМ е движење на економијата во добар правец.
Картелот на власт со нивното расипничко водење на државата со ова темпо до крајот на годината нема да стигнат ни до 50% реализирани капитални инвестиции.
Неспособниот СДСМ не може да реализира ништо од тоа што го ветуваше, сите проекти се стопирани, државата повеќе од година дена е во застој и ништо не се гради на терен.
Со ваква неработа граѓаните може да се простат од празните ветувања и лагите на Заев. Нема да има ниту 600 километри нови автопати, ниту 500 евра просечна плата за сите граѓани, лекарите нема да добијат 100.000 плата, а нема да има ниту нови студентки домови, нови училишта, нов клинички центар.
Додека економијата на државата тоне и се наоѓа на европското дно, картелот на СДСМ се расфрла со парите на граѓаните трошејќи стотици илјади евра на цвеќиња и кафе за личен луксуз.
Заради криминално работење откако е СДСМ на власт за прв пат во историјата на Република Македонија пробиена е психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди евра и државниот 4 милијарди евра.
Од криминалниот картел на СДСМ граѓаните видоа само нерационално трошење, скандали, афери, местени тендери и јавни набавки и енормни задолжувања.
Граѓаните не заслужуваат ваква неспособна власт која ја однесе државата на дното. Колку побрзо СДСМ си заминат, толку побрзо државата и граѓаните ќе одат напред. Македонија и граѓаните ќе победат!
