|

Лав го нападна тренерот за време на настап во Кина: публиката панично врескаше

Шокантното видео е снимено на северот на Кина, во градот Донгнинг, во моментот кога лав напаѓа тренер за време на настап.

Инцидентот се случил на 22 септември пред уплашената публика, но немало жртви.

Лавот прво скокнал на скротувачот. Мажот успеал да го избегне смртоносниот напад и да се засолни на безбедно место.

Публиката била исплашена и почнала да вреска додека ја следела сцената.

„Кога животните биле пуштени во кафезот, тренерот се обидел да ги раздвои со стап. Тогаш лавот се нафрли врз него. Зашеметени почнаа да бегаат“, изјави еден од сведоците.

Настапот веднаш бил прекинат, а циркусот и ги вратил парите на публиката, пишува „Дејли мејл“.

Еден ден подоцна, градоначалникот на Донгнинг откри дека лавот не го каснал тренерот, туку дека човекот се здобил со повреди на раката. Тој додаде дека циркусот има дозвола за настап во нивната област.

Инцидентот се случил шест месеци по драмата во кинескиот град Луојанг, каде два лава избегале од циркусот.

Медиумот потсетува дека животните нашле излез од кафезот и предизвикале вистинско стампедо во публиката.

Слични Објави