Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неодредено време
Одлуката за азил за Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денеска адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.
– Како што знаете, судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат со преведувачи на македонски јазик. И во овој случај тоа беше проблем, бидејќи органот што ја води постапката за азил нема преведувач од грчки на македонски и обратно, па носењето на одлуката беше одложено на неопределено време, рече Василев… (Прочитајте го целиот напис овде)
