| |

Археолозите во близина на Златоград открија древна тврдина со најдлабокиот бунар во Родопите

Вчера започнаа археолошките истражувања на локалитет за кој долго време се зборува во Средните Родопи. Станува збор за античката тврдина на планината Св. Недела“, која се наоѓа на живописен врв помеѓу денешните градови Златоград и Неделино. Ископувањата ги вршат археолозите проф. Николај Овчаров и д-р Николај Бојаџиев, а се финансирани од општините Златоград и Неделино, јавува софискиот дневен весник Труд.

Од античката тврдина моментално има занемарливи траги, но впечатлив е добро сочуваниот длабок бунар, изграден токму со обработени камења. Ископан е во карпа на длабочина не помала од 20 m.

Нема сомнеж дека бунарот бил создаден во античко време за да обезбеди вода за тврдината за време на опсада. Вакви водоводни објекти досега не се регистрирани на источните и средните Родопи.

Нивното ископување во карпите било многу макотрпно и барало огромни напори и финансиски средства. Класичен пример е бунарот на средновековната бугарска тврдина Овеч кај Провадија, кој е длабок 80 m.

Во наредните недели бунарот ќе биде целосно истражен и ќе се мери неговата вистинска длабочина. Ова ќе биде единствен пример за сличен водовод во целиот регион на Родопите.

Слични Објави