БАН: 78 бугарски истражувачи меѓу првите 2% најдобри научници во светот
78 бугарски истражувачи се меѓу првите 2% на најдобрите научници во светот според овогодинешното рангирање за севкупниот развој во кариерата на научниците, познато како рангирање Стенфорд, објави Бугарската академија на науките.
16 од истражувачите се членови на БАН (академици и дописни членови), а уште 33 се научници од Академијата.
Во рангирањето во научната област „Хемиска физика“ се појавува и актуелниот премиер на Бугарија, академик Николај Денков.
Рангирањето се подготвува на годишно ниво врз основа на анализа на околу 8,4 милиони научници од 176 подобласти во науките, кои имаат публикации во базата на податоци Scopus, т.е. се однесува на 2% од докажаните научници, посочуваат од БАН.