Петмина фотографи ја претставуваат изложбата „Невидлива Софија“
Фотографски проект како „Невидлива Софија“ може да создаде само човек кој го сака овој град. А Цвета Кулинска е токму тоа. Сака да оди и да гледа во луѓето и пред се во фасадите на зградите околу неа.
Гледајќи носталгично кон барокните кривини на Народниот театар, со неговиот незамислив раскош и јасно препознатливиот ракопис на виенските архитекти Фердинанд Фелнер и Херман Хелмер, витражните прозорци на Централните хали, кои ни го прикажуваат брилијантниот сецесион на архитектот Наум Торбов, воодушевувачките ренесансни мотиви на зградата на Ректоратот, дело на архитектот Јордан Миланов, волшебните детали од зградата на Централната минерална бања, кои потсетуваат на националниот романтизам.
Цвета Кулинска беше искрена пред БНР-Радио Софија – поттикот и мотивацијата за проектот е „потребата за убавина во урбаната средина, зградите што кријат приказна што не можеме да ја оставиме нераскажана“.

„Собрав различни фотографии, сакав да видам како секој автор ја толкува темата. Зградите во различен агол – и детали одблиску и оддалеку – рече Кулинска. – Идеалната цел е да се насочи интересот на јавноста кон зачувување на културно архитектонско наследство“.
За да ја постави изложбата, Цвета Кулинска прочитала сè што може да се прочита за оваа тема во библиотеката и на интернет. Таа посетила десетици куќи и направила интервјуа со повеќе од 10 архитекти и урбанисти.
Во финалната селекција учествувале пет фотографи, меѓу кои еден моден и двајца љубители.
Специјално за изложбата се создадени делата на Бони Бонев, Вањо Димитров, Георги Андинов, Георги Величков и Никола Николов.
Од 2 до 5 ноември изложбата ќе биде претставена во галеријата „Doza“, потоа ќе гостува во Тhe Mall во Софија (6-19.11.2023), а Дирекцијата за култура ги поканила авторите да ги претстават своите дела на изложба во Градската градина. пред Народниот театар „Иван Вазов“од 27 ноември до 7 декември.
