ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“
Во стариот конак на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ вечерва (11 септември) со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од 32-та меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“…
Изложбата, меѓудругото, се реализира со поддршка на Министерството за култура. На изложбата се презентирани дела на дванаесет ликовни уметници од шест европски држави кои во изминатиот период, за време на одржувањето на колонијата, твореа во амбиенталниот простор на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Досега, во рамки на тридецениското постоење на колонијата создадени се безмалку 500 дела, сочинети во две збирки, една во Центарот за кулутра, Крива Паланка, каде има над двесте дела, останатите во манастирот, каде има повеќе од 250 слики.

