| |

АМДИ БАЈРАМ- СВЕСТА ДА РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА

„Сојузот на Ромите на Р. Македонија заседаваше во врска со референдумот. Ние Ромите и првиот референдум кога беше за осамостојување на Р. Македонија дадовме најголем прилог и најмногу Роми гласаа, околу 98,3 посто. Исто сега Ромите сме уклучени во Р.Македонија, ги поседуваме сите права. Ромите се лојални во нашата држава, каде што живееме и ние секогаш застануваме во корист на државата. Секогаш даваме се од себе.Овој пат претседателството на Сојузот на Ромите заседаваше со 35 политички ограноци и донесовме одлука дека го поддржуваме референдумот и ќе гласаме „ЗА“. За интерес на Р. Македонија, на македонскиот народ и Ромите. Ќе работиме заеднички сите Роми и овој пат ние нема да се цепкаме и да се делиме, да помогнеме на нашата држава за подобар просперитет на сите граѓани. Апел до сите граѓани на Р. Македонија до сите политички партии, свеста да размисли за иднината за сите деца за поколенијата да се гласа „ЗА“ европска Македонија, изјави на прес-конференција, Амди Бајрам.

Слични Објави