Бугарија и РС Македонија во заедничка воена вежба на специјалните сили заедно со уште шест балкански земји
Формации на специјалните сили на осум балкански земји учествуваа на меѓународната вежба Силен Балкан – 23 (Б-9), соопшти прес-центарот на бугарското Министерството за одбрана.
Вежбата се одржала од 31 октомври до 10 ноември на територијата на Албанија. Истата е дел од иницијативата на началниците на одбраната на балканските земји за годишна заедничка обука.

Во воената вежба учествуваа припадници на специјалните сили на Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Република Северна Македонија, Турција и Црна Гора, како и набљудувачи од Босна и Херцеговина. Учеството на бугарските специјални сили во таков формат е важна фаза од нивната подготовка, како и можност за продлабочување на заедничкото партнерство со балканските земји, што е залог за зголемување на безбедноста и одржување на мирот и стабилноста на Балканот, се забележува во соопштението на бугарското Министерство за одбрана.

Целта на вежбата е зголемување на оперативната соработка и обука на персоналот за извршување на специјални операции со практичка примена на стандардите на НАТО. Стандардните оперативни процедури се ажурирани во текот на процесот на планирање и извршување на специјалните операции во мултинационална средина.

Обуката се одвивала во два дела, во првиот се извршени заедничка вежба со огнено оружје, а исто така и инженерска, тактичка и падобранска обука. Во вториот дел учесниците биле обединети во тактичка група за специјални операции, која го планирала и извела целиот спектар на специјални операции според сценарио креирано специјално за вежбата.

