ПЕТ НАГРАДИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ТОБИ“ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ПОДГОРИЦА
Театарот за деца и младинци освои пет награди за претставата „Тоби“, по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација и режија на Драгослав Тодоровиќ од Белград, на Mеѓународниот фестивал во Подгорица, Црна Гора …
На Фестивалот, кој се одржа од 12 до 16 септември, екипата се закити со гран при за најдобра претстава, со награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац, како и со награда за најдобра претстава од детското жири на Фестивалот.
Следната меѓународна промоција на претставата „Тоби“ е на Фестивалот во Суботица, а од 20 септември започнува и редовниот репертоар во новата театарска сезона на Театарот за деца и младинци.

