СЕ ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО СИНГЕЛИЌ
Заедно со потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Синѓелиќ го означивме почетокот на работата на втората канцеларија за превенција.
Целта на оваа канцеларија е граѓаните да се чувствуваат безбедно во местото каде што живеат и во нејзината најблиска околина, како и да добиваат информации од односи со јавноста во рамки на општата безбедност и превенирање на општи мерки како и подобрување на општата безбедносна состојба и заедничко решавање на одредени проблеми на подрачјето на месната заедница Алија Авдовиќ.
Во овој целосно реновиран објект покрај канцеларијата за превенција ќе бидат сместени канцеларија на МТСП за социјални работи, канцеларија на Управата за водење на матични книги, како и канцеларија на месната заедница.
Покрај овие две канцеларии за превенција, во план е отворање на трета канцеларија за превенција во Колонија.