|

Турција сака да купи 40 европски борбени авиони

Турција почна да разговара со европските земји за купување 40 авиони „еурофајтер тајфун“ откога оцени дека нејзиното барање за купување американски ловци „Ф16“ можеби нема да биде одобрено, изјави извор од турското Министерство за одбрана за „Ројтерс“.

Министерот за одбрана, Јашар Ѓулер, минатата недела рече дека Турција преговара со Велика Британија и Шпанија за купување авиони „еурофајтер тајфун“ иако Германија се спротивстави на идејата.

Ѓулер разговараше за ова прашање со својот британски колега Грант Шапс во Анкара, изјави извор на „Ројтерс“.

Слични Објави