Џафери на самит на дијаспората во Тирана
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска присуствуваше на третиот самит на дијаспората во Тирана, каде што отиде на покана на премиерот на Република Албанија, Еди Рама.
На самитот присуствуваа голем број ндржавни и политички фигури од Република Албанија како домаќин, од Република Северна Македонија, Република Косово, како и претставници на албанската дијаспора од Европа и Соединетите Американски Држави.
Џафери, заедно со својот хомолог, претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, го следеше форумот на кој имаше обраќања од кои можеа да се слушнат идеи, проекти и визии за сестрана соработка во полза на државите од регионот. Факт е дека регионот се соочува со разни предизвици од економски, енергетски, здравствени, социјални и, пред сè, од безбедносни аспекти и единствениот начин за успешно надминување на тешкотиите и напредок на регионот е сестраната регионална соработка со посветеност кон главните европски вредности, демократијата, владеењето на правото и фундаменталните вредности, меѓутоа и значењето на помирувањето и заемната почит.
Форумот беше одлична можност средба и размена на мислења во однос на актуелните текови во регионот и пошироко.
