„БУРЕ БАРУТ“ СО ПРЕМИЕРА НА МОТ, ПО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЗЕНИЦА

Босанско народно позориште Зеница на 21-ви септември премиерно ја изведе претставата „Буре барут“ по истоимената драма на Дејан Дуковски, во режија на Нина Николиќ.

Македонската публика ќе може да ја погледне претставата на 27-ми септември во рамките на овогодинешното издание на Млад отворен театар.

„Буре барут“ зборува за актуелни теми присутни во секојдневието на луѓето што живеат на „овие простори“, за бруталниот круг на насилството, кој во агонијата на непрекинатоста, полека се претвора во спирала, која ги вовлекува дури и оние што се убедени дека се имуни и доволнo силни за да побегнат. Ова е претстава што нѐ потсетува дека не е важно кој почнал, туку дека треба да се најде јунакот што ќе каже: „Доста е!“.

Улогите ги играат: Саша Ханџиќ, Мухамед Бахоњиќ, Џенана Џаниќ, Енес Салковиќ, Мирољуб Мијатовиќ, Златан Шкољиќ, Нусмир Мухаремовиќ, Анѓела Илиќ, Сабина Куленовиќ, Кемал Ризвановиќ, Александар Михајловски, Адис Механовиќ, драматург е Драгана Лукан Николоски, костимограф е Лејла Хоџиќ, сценографијата е на Ведран Хрустановиќ од Сараево, а кореографијата е на белгискиот уметник Томас Стјуард, автор на музиката е Игор Касаповиќ, видео и фотографија на Петар Кочишки,

Продуценти се Томи Салковски и Хазим Бегагиќ.



Слични Објави