| |

ХОРОР-КОНЗЕРВАТИЗАМ: ДАЛИ ГО ОТСТАПУВАТЕ „ВАШЕТО“ МЕСТО ВО АВТОБУС?

Поима немам дали меѓу хоророт и конзерватизмот во насловот треба да има црта, ама јас ставив, оти не е тоа најважното…

Станувате ли/ го отстапувате ли (од) местото што сте го зафатиле , кога во автобус, ќе начекате некоја дама да виси фатена за оние гнаснине држачи во ЈСП?

Јас го правам тоа, бидејќи го мислам за конзервативно. Нема џентлмен без дама, и дамата секогаш е на прво место, а мажот (џентлменот) мора секогаш да пази на неа. Тоа со отстапувањето на местото, покажува каков треба да биде респектот кон жената, како слика и прилика на Мајка Богородица. По секое раѓање жената дава дел од Господ на светот. Децата се даровите Господови и баш поради тоа, на жената ако и фали нешто, истото треба да се смета за голем пропуст од страна на мажот (џентлменот).

Дамите и џентлмените се појавуваат некаде во Викторијанскиот век (барем според мојата маленкост), можеби заради делото за д-р Џекил и м-р Хајд. Виша форма на хорор. Конзерватизам класика. Хорор-конзерватизам. Не знам дали е прогресивен или ретрограден, ама знам дека е хорор, бидејќи цвсто стојам во одбрана на тоа што јас го имам како своја идеологија.

И ќе си речете што ни е гајле. Луѓе јас би сакал да ме читаат десетмина  ама од тие десетмина барем со двајца да имам заедничка замисла. Тоа вреди многу. Барем за мене.

Баш поради тоа споделувам со тие, кои ме разбираат, за останатите ми е гајле како ќе ги прифатат моите ставови. Тоа е исто така одлика на мојот хорор-конзерватизам, во кој многу поважно е да бидеш благороден, отколку некаков рурален боржуј.

Благородството е тоа што ја инспирира мојата идеологија или поедноставно кажано, го опишува мојот напор да дадам нешто добро на светот и луѓето околу мене.  

Отворете ги очите и тргнете ги ролетните… колку благородни луѓе треба да шетаат меѓу нас? Ако сакате нивниот број да биде поголем, значи веруваме во нешто заедничко. Со секој еден од вас драги мои, па макар биле и двајца. Тоа е конзервативно според мене и гајле ми е што велат старите дефиниции. Време е за нови, подобра варијанта на оние од Викторијанскиот век. Роберт Луис Стивенсон, update, кој меѓу другото е автор и на Островот на богатството- трежр ајсланд на англиски со кирилица. Прочитајте овој роман нема да загубите ништо, напротив, ќе го разберете тоа, што сакам да ви го кажам со овој текст.

Автор: Атанас Величков-Батко Тане

Слични Објави