(ВИДЕО) СТОИЛКОВСКИ: ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ВЕЌЕ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ГИ ПРЕТСТАВУВА ГРАЃАНИТЕ
Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија и заради тоа мора да си поднесе неотповиклива оставка, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција.
„Веруваме дека на тој начин ќе се открие нарко синџирот кој што делува низ Скопје. Само така СДСМ може да покаже дека Македонија станува европска држава, каде постои одговорност. Само така ќе направиме исчекор во однос на минатото кога сите кокаински афери, особено со СДСМ на власт остануваа без разрешница“, рече Стоилковски.