ЗАЕВ : ОВА Е ОДЛУКА НА НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА
Ова е одлука на нашата генерација, одговорноста е наша! Што и да направиш во недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата. Во недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Во недела излези и гласај за европска Македонија, изјави Заев како крај на кампањата ЗА Европска Македонија.
