(Видео) Милотинова: Како ќе градиме иднина, ако не ја знаеме вистинската историја?
„На Балканот има една политика, која се вика „ Раздели па владеј“. Кој ја заменува историјата на Балканот? Кој ја измисли македонската нација? Кој го создава т.нар. македонски јазик? Тоа е дел од политиката на Коминтерна, која преку Москва се одразува преку Белград и рефлектира врз Македонија“. Тоа во студио Актуелно го изјави Милена Милотинова – новинарка, автор и водител на емисијата Брисел 1 која се емитува на Bulgaria OnAir. Таа е автор на документарецот „Само затоа што тие беа Бугари“ посветенa на Крвавиот Божиќ. Крвавиот Божик во Македонија (тогаш дел од Југославија) e кампања на политичка репресија и убиства во јануари 1945 година. Тогаш многу луѓе биле малтретирани или елиминирани без суд и пресуда заради нивната бугарска самосвест. Процесот започнува на 7 јануари. На истиот датум оваа година пред храмот „Св. Неделата „се одржа панихида во спомен на загинатите.
Милотинова праша дали не е време и во бугарскиот парламент со едноминутен молк да се испочитува сеќавањето на жртвите на Крвавиот Божик.
Жтвите се илјадници, но нивниот точен број не е познат – прашањето не е целосно проучено а „историјата мора да се знае и да се помни за да се гради иднина“, рече Милотинова.
„Кога се фалсификува историјата, кога учениците учат неточни и манипулативни тврдења, наметнувајки им омраза кон сопствените корени и предци, не може да се очекува стабилна иднина за таа земја и таа млада генерација. Не е тајна дека во Северна Македонија преку учебниците сè уште се воспитува омразата кон Бугарија. Затоа, ова прашање е вклучено во рамката за преговори на Северна Македонија со ЕУ – таа е во еден од двата протоколи до Договорот за пријателство и соработка помеѓу РСМ и Бугарија. И овие протоколи, заедно, заедно со билатералниот договор, се составен дел од рамката за преговори. Значи, Европа ќе го следи исполнувањето на обврските на РСМ “, резимираше таа. Така – преку еден од протоколите на договорот, во рамката за преговори исто така се наведува услов за рехабилитација на жртвите на комунизмот. „Дури и во европската рамка за преговори, имаме историска перспектива за да одиме кон совремието“, изјави Милотинова.
Милена Милотинова го даде како пример политичкиот процес во Битола, кој се спроведува против Лупчо Георгиевски – претседател на веќе избришаниот бугарски клуб „Иван Михајлов“. Тој е обвинет за ширење омраза преку публикации на Фејсбук, во кои цитира историска фигура, а имено Иван Михајлов – бугарски револуционер, активист на бугарското национално ослободинско движење во Македонија и долгогодишен водач на ВМРО. Според неа, мора да се запрашаме кој е заинтересиран за вакви процеси. Историјата покажа дека Белград и Москва имаат најголем интерес за нема близина меѓу Бугарија и РСМ, вели таа.
“Овде е местото да се запрашаме што се случи со идејата во нашата земја да се создаде фонд за правна помош за Бугарите во странство, особено за македонските Бугари. Бугарија треба правно да им помогне на своите сонародници во РСМ да ги бранат своите права, вклучително и на оние против кои се спроведуваат судски процеси. Сто години подоцна гледаме една нова политичка емиграција од РСМ во Бугарија. Има многу македонски Бугари, кои дојдоа во Бугарија затоа што не можат да живеат и работат мирно во РСМ“Бугарите кои дошле во Бугарија затоа што не можат да работат и да живеат тивко во РЦМ “, рече таа.
