ФЕТАИ БАРА ЗАТВОР ЗА ЈАНКУЛОСКА ЗА СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“
„Сметаме дека во дејствијата на обвинетата се содржани обележјата на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања бидејќи истата била свесна за делото и го сакала. Со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски незаконски да постапи и да фаворизира економски оператор за набавка на конкретното возило“, изјави Фатиме Фетаи.
Фетаи побара од судот да ги земе предвид сите отежнителните и олеснителните околности во врска со кривичното дело за кое се товари Јанкулоска. Отежнителни како што наведе Фетаи е степенот на кривичната одговорност бидејќи делото е направено додека Јанкулоска била на функција. Како единствена олеснителна околност од СЈО ја посочија семејната положба.

