Тагарев: Оклопните транспортери за Украина се уште се во Бугарија, бараме кој ќе го плати превозот
„100-те оклопни транспортери од магацините на Министерството за внатрешни работи, кои парламентот одлучи да ги испрати во Украина, се уште се во нашата земја. Ова го изјави министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев на расправа во ресорната комисија за одбрана во Народното собрание, јавува БГНЕС.
Според министерот Тагарев, повеќе министерства соработуваат за да се спроведе логистиката.
„Три министерства работат заедно. Веќе е јасно кој каде ќе ги товари, каде ќе одат. Ова е многу сериозна логистичка операција“, прецизираше тој, па коментираше дека сумата за транспорт е голема, но сепак би била поднослива за нашата земја. „Меѓутоа, од министерството ќе бараме можност транспортот да го финансира некоја од земјите учеснички во Рамштајн форматот (контакт групата за одбрана на Украина, т.н. Рамштајн формат).
Целиот логистички процес ќе трае два месеци од моментот кога ќе се обезбеди финансирањето“, додаде Тагарев.
