Еден од адвокатите на Навални и Борис Немцов пред Милена Милотинова: Морав да ја напуштам Русија
„Морав да ја напуштам Русија. Ја напуштив половина година пред да го уапсат најголемиот дел од тимот адвокати на Алексеј Навални. Тоа беа: Алексеј Липцер, Игор Сергунин и Вадим Кобзев. Тие беа уапсени во Москва само поради нивната работа, заради нивната легална дејност“, ова пред познатата бугарска новинарка Милена Милотинова го вели Вадим Прохоров еден од поранешните адвокати на Алексеј Навални.
„Тие не се политичари, не се политички активисти.Тие само си ја вршеа работата, ја вршеа својата правна професија, а моментално се во притвор, во московскиот затвор „Матроска тишина“, вели Прохоров.
Тој му бил адвокат и на Борис Немцов, кој беше убиен во 2015 година, како и на други лидери на опозицијата како Илја Јашин и Владимир Кара-Мурза, кои моментално се во затвор.
Прохоров зборува за прогонот на опозициските лидери во Русија и нивните адвокати. Интервјуто е снимено пред веста за смртта на Навални, истото ќе биде емитувано денеска од 17.30 часот во емисијата БРИСЕЛ 1 на бугарската телевизија Bulgaria OnAir, пишува авторката на емисијата Милена Милотинова на социјалната мрежа Facebook.
