| |

МНР на Бугарија: Ќе направиме се што е потребно за да се постигне победа, праведен мир и закрепнување на Украина

Бугарија останува силно ангажирана, колку што е потребно, и ќе направи се што е потребно за да се постигне победа, праведен мир и целосно закрепнување на Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Бугарија на својата Фејсбук страница.

Две години по почетокот на руската воена агресија, сите ние во ЕУ и НАТО сме обединети во нашиот одговор на војната и дестабилизирачкото однесување на Русија. Категорично ги осудуваме обидите на Кремљ да ги дискредитира демократските вредности, да ги прекрши човековите права и да ги загрози мирот и безбедноста во регионот на Црното Море, во Европа и во светот, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугариja по повод годишнината од стартот на руската воена агресија врз Украина.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел за време на средбите со претседателот на Украина Володимир Зеленски и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека нашата земја останува цврста во поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународни признати граници. , вклучувајќи ги и нејзините територијални води, стои во соопштението на бугарското МНР.

Слични Објави