На 2 август 1916 г. во Крушево за прв пат се чествува годишнина од Илинденското востание
Пишува: Зоранчо Маринков
Во Крушево, коешто тогаш е дел од Царство Бугарија, на 2 август 1916 год се одржува првото чествување на една годишнина од Илинденското востание. На чествувањето учествуваат жители на градот, гости од околината, а на чело на празненството се прежиеаните херои од Илинденското востание.
После крајот на манифестацијата во Крушево, биле собрани пари за изградба на споменик на загинатите во Илинденското востание. Споменикот бил изграден, како што се гледа на снимките подолу, и истиот бил разрушен по време на српската окупација, 1918-1941 год.
Градоначалник на Крушево во периодот 1916 – 1918 год. е Наум Томалевски, роден крушевчанец. Во јуни 1903 година тој станува дел од крушевска чета на ВМОРО, со која што учествувал во Илинденското востание, а во домот на неговите родителите во Крушево била објавена Крушевската република.
Според алтернативната историја, позната и како “мултиперспективност”, тие преживеани комити и војводи од Илинденското востание, во 1916 год. биле окупатори на земјата за чија што слобода се бореле 13 години пред тоа, а Наум Томалевски, во чијшто дом 1903 год. била објавена Крушевската република, бил окупаторски градоначалник на родниот град.
За првото чествување на Илинденското востание во Крушево, се соопштува во дописка од Крушево за весникот “Родина”, во бројот од 16 август 1918 год. Весникот “Родина” се печател во Скопје, а негови уредници биле дејците на ВМОРО – Георги Баждаров од с.Горно Броди, Серско – учесник во Илинденското востание и Христо Матов од Струга, идеолог на Организацијата и член на ЦК на ВМОРО.

Во продолжение е целиот текст од дописката:
“Како што требаше да се очекува, денот на револуцијата беше отпразнуван на најсвечен начин во Крушево. Општинската управа издаде во предвечерието на празникот едно мило соопштение.Утрината после богослужбата младите ученици со знамиња, граѓани, кооперациите со нивните раскошни знамиња, властите, духовништвото, тргнаа кон бугарските гробишта.
Траурното знаме со натпис “На загиналите за Отечеството” беше носено од четници, коишто учествуваа во востанието. Преживеаните херои од Илинденското востание во униформа и со истите тогашни пушки, врвеа во редица. Имаше многу селани од крушевскиот револуционерен реон.
На Крушевските гробишта се закопани многу од жртвите на востанието. Над гробот на загинатите херои се читаше панихида и градоначалникот г. Н.Томалевски со возбуда, со ораторски гест и патос одржа говор, којшто направи силен впечаток, ги возбуди и ги расплака мнозина од присутните.
После панихидата се одржа утро во българското училиште. Г-н Никола Киров одржа краток говор и ги покани присутните да се основа фонд за изградба на споменик на Илинденското востание. Се избра комитет под председателството на енергичниот градоначалник г. Н.Томалевски и во еден час се собраа околу 5.300 лева. Г-н премиер д-р Радославов и г.Тончев телеграфски испратија по 500 лева за фондот. 200 лева даде и г-н Ставри Наумов од Софија.
Комитетот за празнувањето имаше покането многу видни лица за празникот. Крушевчани имаа задоволството да го видат помеѓу нив г-н генерал Димитриев, којшто даде 100 лева за споменикот и офицери од неговиот штаб, коишто исто така даруваа суми.
Општината доби многу телеграми за празникот од стара и нова Бугарија.
Почетокот на празнувањето на денот на востанието во нашиот убавиот е поставен и во понормални времиња во иднина, Крушево уште поблескаво ќе го празнува тој голем ден за него”.
Снимката на објавата е од чествувањето на годишнината од Илинденското востание во Крушево во 1918 год.

