ОТВОРЕН ЕТНОГРАФСКИ МУЗЕЈ ВО РЕГИОНОТ НА ПРИЛЕП
Во петокот, во прилепското село Црнилиште беше отворен Етнографски музеј, проект поддржан од Министерството за култура…
На свеченоста присуствуваше координаторот за програма при Министерството, Афет Јашари кој рече дека Министерството за култура ќе го поддржи секој проект што ќе ја потврди и зајакне културата и албанско наследство во македонските населби и општини.
Средбата беше поздравена од истакнати универзитетски професори, како што се: проф.д-р. Зекир Кадриу, д-р. Гзим Џафери и проф. Исмет Османи.
Зекирија Незири ја истакна важноста на фолклорот, на материјалното и духовно богатство зачување на идентитетот, културата и јазикот на еден народ. Д-р. Вехби Беџети зборуваше за две нови изданија на списанието “Гласот на Пелагонија”, a г. Косоваре Красниќи зборуваше за делото “Албанска орална проза од Прилепско и Крушевско подрачје” од авторот Мустафа Ибрахими.
Учесниците беа информирани за досега собраните етнографски експонати, беше дегустирана традиционална храна, а манифестацијата беше заокружена со рецитал и песни подготвени за оваа пригода од студентите на Ш.Ф. Исмаил Ќемали од селото Крисанила.

