Андон Димитров- еден од основачите на Организацијата: Од младотурците јас си го придобив името- справедлив судија, но фанатичен Бугарин
На 13-март 1933 г. во Софија страдајќи од тешка болест, се самоубива револуционерoт Андон Димитров Филахтечев – еден од основачите на ВМОРО. Роден е во солунското село Ајватово 1867 г. Во 1889 г. завршил Бугарска машка гимназија во Солун, а потоа студирал право на Вишото училиште во Цариград. Извесно време работел како професор по турски јазик во Бугарската гимназија во Солун, а подоцна и во Турската гимназија. На 23 октомври 1893 г. заедно со д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџиниколов, Петар Попарсов и Христо Батанџиев ја основаат ВМОРО, БМОРК – Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети.
А. Димитров е член на Централниот комитет од самото нејзино создавање, а во 1896 г. е реизбран на Солунскиот конгрес. Завршил право на универзитетот во Лиеж. Се вратил во Битола и работел како адвокат, а покасно станал директор на Бугарското училиште во Прилеп. Во 1904 г. бил избран за член-судија на битолскиот апелационен суд. Како таков го заштитувал месното бугарско население. Во 1908 г. тој бил посредник меѓу Младотурскиот комитет и битолскиот четнички раководител на ВМОРО Милан Матов. Се постигнал договор за соработка меѓу двете страни за предстојната револуција. По Младотурската револуција учествувал во создавањето на Сојузот на Бугарските конституциони клубови и на основачкиот конгрес бил избран за претседател.
Влегол во заедничката младотурска комисија, во која учествувале по двајца Турци, Грци, Албанци, Власи и Срби. Во 1909 г. станал судија во Цариград. По Првата балканска војна, А. Димитров се населил во Софија, каде што ја подпомага дејноста на Сојузот на македонските културно-просветни благотворителни братства. Заземал високи позиции во Министерството за правосудство и Министерството на надворешните работи. По Првата светска војна бил председател на Исполнителниот комитет на македонските братства во Бугарија.
“…Кога покојниот екзарх Јосиф I направи прва визита на Хилми паша и меѓу другото посакал од последниот да бидат назначени за судии и Бугари младежи, кои поседуват законски цензус, како што има Ерменци, Грци и сл., според направениот тогаш комплимент лично од екзархот Хилми паша му кажал, дека имало 50 души Бугари судии. На зачудвањето на екзархот Хилми паша побрзал да му одговори, дека Андон Димитров, кој е сега в перенскиот суд, чини повеќе од 50 души, но е малку тврдоглав… И вистински меѓу младотурците јас си го придобив името – справедлив судија, но фанатичен Бугарин.”

