| |

МНР на Бугарија: Нападот врз Израел е неприфатлив

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека „Бугарија е длабоко вознемирена од неприфатливиот ирански напад врз Израел. Ова е невидена ескалација што претставува сериозна закана за регионалната безбедност“, пренесува БНР.

Бугарија се изјаснува за максимална воздржаност и деескалација, наведува МНР.

Претходно прес-службата на бугарската влада соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и е подготвена да ги преземе неопходните активности за заштита и гарантирање на безбедноста на бугарските граѓани во регионот.

По полноќ, Израел го затвори својот воздушен простор за домашни и меѓународни летови

Откажани се утринските летови од Софија до Тел Авив.

Откажан е и летот за Хургада, кој требаше да тргне во 6:00 часот.



Слични Објави