Шахов: Верен и основан е заклучокот на г. Веркович, “дека бројноста на Бугарите во Македонија надминува неколку пати не само секоја од другите народности, кои ја населуваат таа земја, но и сите други заедно земени
На 14-ти април 1862 г. во Охрид е роден КОСТА СТЕФАНОВ ШАХОВ, истакнат обштественик, новинар, прв председател на Младата македонска книжевна дружина и деец на Врховниот Македоно-Одрински Комитет. Завршил право на Софискиот универзитет и работел во Русе. Во 1892 г. го запознава Иван Хаџиниколов со Гоце Делчев и помага за основавањето на идното ВМОРО. Тој е меѓу основачите на ММКД и активен соработник на списанието ЛОЗА. Тој е и меѓу основачите на ВМОК во 1894 г. Во 1908 г. Коста Шахов го создава Комитетот АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА. Според член I на неговиот устав член на комитетот може да биде: „секој, кој се интересира за положбата на Бугарите во Македонија и ја подпомага нивната борба за слободен економски, просветен и политички живот.“ Комитетот располага со влијателен орган МАКЕДОНИЈА. По влегувањето на Бугарската армија во Охрид во 1915 г., К. Шахов се враќа во родниот град и е назначен за председател на областната постојана комисија. Умира во Охрид на 15-ти август 1917 г.
“Ние постојано сме тврделе, дека Македонија е толку густо населена, така што нејзиното население по својата бројност ако не ја надминува онаа на Северна Бугарија, но не е и помалку од неа. Тоа сме тврделе на таа проста основа, дека лично сме го обиколиле едно време поголемиот дел од нашата татковина и со своите очи сме виделе и знаеме, дека таму има многу големи села и паланки со по 5 и 10 илјади жители. Жално, дека за слободните Бугари Македонија е terra incognita и тие не само ја мислат за еден мал дел од Европска Турција, но и речиси се убедени со (подобро заблудени), дека таму Бугарското население во никој случај не е поголемо од петстотини илјади души.
А некои од Бугарските публицисти и весникари одавна се произнесле, дека македонците станвале секакви Бугари, Грци, Срби, Власи и др., доста било да им се покаже некаков интерес. Со други зборови, нивната милост се сомневат во народноста на македонците и не верват, дека во нив е вродено чувството на националност. Не говориме за странците, кои ги изучават земјите по патните белешки на патешествениците, кои често пати се произнесват за народноста на цели села и градови според тоа како ќе им кажат нивните сопатници и кираџии, а неретко за нашите земји и на основите на добиените податоци и свидетелства од грчките владици, кои им укажале гостопримство и богато ги гоштевале.
И така целото население во Македонија се состои од 1,967,590 души. По народност тоа население се разделува така: 999 548 души Бугари, 614 520 души Турци, 212 774 души Грци, 75 413 души Власи (Цинцари) и 65 335 души Евреи. Заедничкиот број на народностите турски, грчка, влашка и еврејска е 968 042, помалку од бројот на Бугарите се 31 506. Во бројот на Турците влегват и Циганите.
Следствено верен и основан е заклучокот на г. Веркович, “дека бројноста на Бугарите во Македонија надминува неколку пати не само секоја од другите народности, кои ја населуваат таа земја, но и сите други заедно земени.”
