|

Одбележуваме 108 години од смртта на бугарскиот ајдутин и револуционер од Македонија Христо Николов Македонски

На 5-ти јули 1916 г. во Русе умира ајдутинот и револуционер ХРИСТО НИКОЛОВ МАКЕДОНСКИ. Роден е 1835 г. во кукушкото село Горни Тодорак. Прво станува ајдутин во чета во Малешевско, а потоа влегува во првата Бугарска легија на Георги Раковски и се бори со Турците во Белград. Од таму заминува за Романија, а во 1867 г. зема учество во втората Бугарска легија. Истата година се присоединува кон четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа. По разбивањето на четата од страна на Турците успева да побегне Света Гора, каде најдува прибежиште во Зографскиот манастир. Покасно учествува во револуционерната дејност на Бугарската емиграција во Романија и подготовката на Старозагорското и Априлското востание. Во Србско-турската војна от 1876 г. е војвода на чета од 200 Бугарски доброволци. После ослободувањето на Бугарија Христо Македонски до својата смрт живее во Русе.

“Во тие времина, пак и сега дури во Македонија, зборот „ајдутин” не само не се мислеше за нешто срамно и вообшто лошо, но ајдутството се сметаше како совршено поштено, возвишен занает. Делата на ајдутинот, или подобро, целите, кои тој си определил да ги исполнува, го морализираа тој збор. Притиснетите и упропастените материално и морално Бугари, особено по селата, ограбувани од разните паши, месни султани, бегови и дури од секој бездарен, глупав и за ништо некадарен ага, не можеа да гледат на тие ајдути со лошо око, зашто нивната цел беше да ги убиват лошите и золумџии муслимани и вообшто да ги гонат Турците, тие мачители на христијаните. Секоја дејност, следователно, на тие ајдути се мислеше како Бугарска народна одмазда против една друговерна владеачка нација, која не држи сметка за се’, што врши над беззаштитената раја и не знае предел на безобразијата и своите безчовечни дела против Бугарите. Бугарските ајдути беа една узда за раширената власт и турско население; тие го поддржуваа духот на нашиот народ и секаква вера во неговата моќ, во неговата бројност, во неговото право. По тие причини Бугарското население секогаш и секако помагало на тие ајдути, ги почитувале, ги воспевале, и ги изедначувале во нивната безгрешност со светците на нашата црква…”

ЗАПИСКИ НА ХРИСТО Н. МАКЕДОНСКИ



Слични Објави