ТРИ ФАНТАСТИЧНИ ФИЛМОВИ НА ЗЕКИ ДЕМИРКУБУЗ НА ТУРСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ВО КИНО „МИЛЕНИУМ”
Фестивалот „Киненова” ја најавува тридневната програма во која ќе бидете во можност да проследите три фантастични филмови на enfant terrible на турската кинематографија, независниот режисер Зеки Демиркубуз, кој на годинашното, трето издание на фестивалот беше специјален гостин и претседател на меѓународното жири.
Од среда до петок (21-23 ноември) во централниот термин во киното „Милениум”, од 20 часот, ќе бидете во можност да погледнете три негови наградувани филмови, некои репризно, кои веќе беа прикажани на фестивалот, а дел од нив и премиерно, бидејќи беа дел од фестивалската програма, но поради технички проблеми во „Милениум”, за жал, не бевме во можност да ги прикажеме.
Среда, 21 ноември, 20:00
Третата страница/The Third Page
Иса, статист во филмски продукции, е обвинет за кражба од педесет долари во област која е опколена со мафија. Како резултат, тој е ужасно претепан и му е дадена можноста да ги врати парите за 24 часа. Наместо парите, тој наоѓа пиштол. Се одлучува да изврши самоубиство. Во моментот кога тргнува да го повлече чкрапалото, ѕвончето на влезната врата заѕвонува.
Четврток, 22 ноември, 20:00
Внатре/Inside
Мухарем ги принудува неговите стари пријатели да го поканат на вечера, без разлика на тоа дека ги мрази и дека тие го мразат него. Вечерата започнува со неколку безопасни шеги и тривијални приказни на бравадо, но како што времето минува и главите стануваат поматни, конверзацијата сталожено прогресира во неславното минато. Старите неправди излегуваат на виделина и стапуваат во грда конфронтација. Како што ноќта станува исполнета со солзи, гнев и каење, омразата се излева на мрачните улици и во одвратните хотелски соби. Иако тие се во заедништво, а тој е сам, Мухарем има цврсто одлучено – или ѓубрето ќе биде исчистено таа ноќ, или тој ќе умре. Инаку, никогаш нема да биде ослободен од тоа чувство на срам.
Петок, 23 ноември, 20:00
Невиност/ Innocence”
Јусуф, ослободен од затвор откако ја отслужува својата десетгодишна казна, оди до Измир да ја посети својата сестра. Соочувајќи се со минати семејни проблеми и немајќи каде на друго место да оди, тој се сместува во еден сиромашен, уништен хотел. Наскоро, неговиот пат се испреплетува со тој на едно чудно семејство. Во борбата на Јусуф да преживее, Бекир, Угур и нивната ќерка, Силем, се иницијална глетка од надеж, која подоцна прераснува во уништувачка судбина.
Зеки Демиркубуз е роден во Испарта, Турција, во 1964 година. Откако го завршил нижото средно образование, тој се преселил во Истанбул. Започнал да оди во вишо средно училиште, но се откажал по првиот семестар, одејќи да работи во фабрики и работилници. По воениот државен удар во 1980-та година, тој отслужил тригодишна казна затвор за неговото членство во политичка организација. Со цел да ја одложи неговата воена должност, тој се одлучил да се врати во училиште. Го завршил средното образование преку учење од дистанца и ги започнал своите студии во Одделот за комуникации на Универзитетот во Истанбул. Тој ја започнал својата филмска кариера како асистент на режија на Зеки Октен во 1986-та година, и работел како асистент за разни режисери сѐ додека не го направил неговиот прв филм „Блок Ц“ (1994). Оттогаш, тој продолжил со работа како независен филмски автор, пишувајќи свои оригинални сценарија и земајќи инспирација од класиците на книжевниот свет.
Филмските критичари и меѓународната публика го забележале Демиркибуз преку неговиот втор филм. „Невиност“ (1997) кој бил прикажан на Венецискиот филмски фестивал и „Третата страница“ (1999) кој бил прикажан на неколку фестивали во Турција и Европа, вклучувајќи ги Локарно и Ротердам. По „Третата страница“, Демиркибуз започнал да работи на неговата трилогија „Приказни за мрачноста“. Првите два дела од трилогијата „Судбина“ (2001) и „Исповед“ (2001) беа прикажани во категоријата Un Certain Regard на Канскиот филмски фестивал во 2002-та година. Со филмот „Чекална“ (2003) во кој Демиркибуз ја толкува и главната улога, тој ја завршува својата трилогија. Во последниве години тој ги реализираше и „Судбина“ (2006), претходникот на „Невиност“, „Завист“ (2009), потоа, „Внатре“ (2012), „Лошење“ (2015) и „Жар“ (2016).

