Одбележуваме 143 години од раѓањето на видниот историчар публицист и деец на ВМРО проф. д-р Никола Милев
На 8-ми мај 1881 г. во с. Мокрени, костурско е роден видниот историчар, публицист, дипломат и деец на ВМОРО – проф. д-р НИКОЛА ИЛИЕВ МИЛЕВ. По завршувањето на основното училиште во родното село заминува со татко му во Каиро. Потоа учи во Фенер, па во Цариградскиот лицеј. После бил учител и работи во весникот на Симеон Радев. Студирал историја на Софискиот универзитет, а специјализирал во Виена. Учествувал во Балканската војна како преведувач во Бугарската армија. По војната станал професор на катедрата по историја на универзитетот во Софија. Бил директор на печат во Министерството за вн. работи. Еден е од основачите на партијата НАРОДЕН СГОВОР и директор на дневниот весник СЛОВО. Учествува во Бугарската делегација на конференцијата во Лозана 1922 г. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Бил советник и близок соработник на Тодор Александров и автор на протестниот документ – Мемоар за положбата на Бугарското малцинство во србска и грчка Македонија представен на Обштеството на народите, 1924 г. Автор е на повеќе научни студии. Н. Милев е убиен на 13-ти февруари 1925 г. во Софија од група македонски дејци собрани околу Димитар Влахов, сврзани со советските служби.
“Ако Крит со цената на своите епски борби, си извојува одамна право да биде неразделен дел од грчката татковина и Грција никогаш и за ништо не би се одрекла од него, така нашиот роден крај го запачетил своето единство со Бугарија преку страдањата и солзите на едно измачено население, преку крвта на илјадници, пролеани во името на Бугарската национална идеја. И денес, кога Бугарското племе даде нови, скапоцени жртви за уништување на вековниот обшт непријател на балканските народи, Бугарија има задолжителен долг да ги собере сите Бугарски земји, да се пожртвува ниту еден агол од нив, толку повеќе од оние, кои низ толку тешкотии високо го држеа знамето на народниот идеал. Ете зашто, изразувајќи ги чувствата на сите Бугари од Костурско, Леринско и Кајљарско и нивната непоколеблива волја да состават неразделен дел од целокупна Бугарија и уверени во патриотизмот на Бугарската влада, ние очекуваме, дека таа ќе го чуе гласот на нашиот роден крај и потпирајќи се на правото и на силата на Бугарскиот народ, ќе ги заштити со целата енергија највишите интереси на Бугарското племе.”
МЕМОАР ОД КОСТУРСКО-ЛЕРИНСКО-КАЈЉАРСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО СОФИЈА, 1913 г.
“Србската политика зема сега една јасно определена посока: да попречи на Бугарија да го изврши своето народно обединување и да се рашири за сметка на бугарското племе, така што ќе ја посрби и грабне Македонија. Тој двоен стремеж се пројави во срамиот напад во 1885 г., кога Бугарите така јуначки го одби при Сливница, и во нечесната пропаганда, која што србската влада ја поддржуваше во Македонија со пари и терор. Бугарите меѓутоа не можеа да се одречат од Македонија и да ја заборават, како што беа заборавени Тимок и Морава. И да сакаа не можеа да го сторат тоа, затоа што Македонија е лулката на старата бугарска култура и новобугарската преродба. Сепак, идејата, дека двата соседски и сродни народи можат да живеат во мир и слога помеѓу себе имаше такви длабоки корени во душата на Бугарите, така што тие им ја простија на Србија подлоста од 1885 г., им ја простија и противбугарската пропаганда во Македонија и ѝ протегнаа искрено пријателска рака. Договорот за сојуз и братство од 1912 г. е плод на бугарската политика не само за србско-бугарската слога, но и за балканска спогодба. За да се оствари таа идеја, Бугарија прежали едни от најскапоцените и најздравите краишта на Македонија: Скопје, каде што бугарското сознание беше така будно и така крепко, Кичево, каде што бугарската писменост никогаш не изчезнала, Струга, која што ги дала на нашиот народ двата прочуени мажи, Константин и Димитар Миладинови.
Тоа не помогна. Србската идеја да се ослаби Бугарија и да се разкине бугарскиот народ избувна со неочекувана сила, во еден момент, кога делото на балканската спогодба изгледаше затврдено преку победата.“

