КИМ ЏОНГ УН ВОВЕДУВА НОВИ МЕРКИ ЗА ДА СПРЕЧИ ЗАРАЗА ОД КОРОНАВИРУС

Северна Кореја не извести за ниту еден потврден случај на зараза од новиот коронавирус.

loading...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун побара да се преземат мерки за да се запре коронавирусот и да спречат жртви и штети врз приносите кои би можел да ги предизвија тајфунот Бави, објави во вторникот новинската агенција КЦНА.

Политбирото на Работничката партија се состана во проширен состав во време на пандимиајта која го засилува притисокот врз севернокорејската економија, тешко погодена со неодамнешното затворање на границите и поплавите.

На состанокот се анализиран „некои проблеми во државниот кризен режим за спречување на пандемијата со контрола на влезните патишта на злонамерниот вирус“, објави во соопштението државната агенција.

Северна Кореја не извести за ниту еден потврден случај на зараза од новиот коронавирус, но Ким во јули рече дека “би можело да се каже дека вирусот влегол“ во земјата и воведе построги ограничувања во градот Каесонг откако еден маж покажал симптоми на ковид-19.



loading...

Мажот е тестиран, а резултатите од тестот не потврдија со сигурност присуство на коронавирусот, според СЗО. По три недели тие ограничувања се укинати.

На состанокот на политбирото се разговарало и за итни мерки кои би требало да го спречат тајфунот Бави да предизвика човечки жртви и штета на приносите. Бави би требало да стигне во Северна Кореја следните денови, а поради дождовите и поплавите се стравува од недостиг на храна.

Работничката партија најави конгрес за следната година на кој би требало да се донесе одлука за новата „петолетка“ зошто се доцни со оставарувањето на зацртаната цел за подобрување на состојбата во економијата и подигнување на животниот стандард.