Хан задоволен од средбата Заев-Ципрас
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, преку порака на својот твитер профил ја поздрави средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос. Според Хан средбата е добра вест и напиша дека истата покажува храброст, визија и државништво. Тој додава дека затворањето на ова прашање кое „трае премногу долго“ ќе биде „добро за двете земји, за регионот и за Европа“. напиша уште Хан на Твитер. Се очекува Хан да се сретне со Заев, за време на економскиот форум во Давос.
