Одбележуваме 62 години од смртта на војводата на ВМОРО Милан Матов, брат на идеологот на Организацијата Христо Матов
На 21-ви мај 1962 г. во Софија умира председателот и војвода на битолскиот окружен комитет на ВМОРО – Милан Матов, брат на главниот идеолог на ВМОРО Христо Матов. Роден е 1875 г. во Струга. Во 1896 г. се запишва во Бугарската класична гимназија во Битола. Уште во првата година тој организира Младешки револуционерен кружок под раководството на Пере Тошев. Во 1900 г. по препорака на Дамјан Груев, М. Матов заминува за Софија и учествува во курсот по динамитно дело, организиран од Борис Сарафов и Гоце Делчев. Се враќа во Струга, каде што станва член на градскиот револуционерен комитет. По неколку месеци е началник на борбените групи. Во 1901 г. е двигател на вооружувањето на стружани – создавањето на нови канали за доставка и израбутвањето на оружје. Во 1902 г. е уапсен и лежи в затвор во Охрид, до 1903 г. За време на Илинденското востание е четник во Струшко, во четата на Лука Групчев. По задушувањето на востанието, при обезоружителните акции на властите организира предавање само на старото оружје и така успева да спаси многу пушки. Во 1904/1905 г. учителствува во Струга. Потоа се населува во Битола и станва член на окружниот револуционерен комитет. Се справува со притисокот на грчката и србската пропаганда. Од 1907 г. е председател на Битолскиот окружен комитет и окружен војвода. По Младотурската револуција е училишен инспектор во Струга. За време на Балканските војни М. Матов е војвода на чета на Македоно-одринското ополчение во Бугарската армија. Тој е меѓу основните организатори на Тиквешкото и Охридско-дебарското востание кренато против србската окупација на Македонија. По Првата светска војна се населува во Софија. Станва член на раководството на Илинденската организација, а покасно е во Македонскиот научен институт. М. Матов умира на 86 годишна возраст во Софија.
“Илинден е кулминационата точка на вооружените борби за слобода, не само на македонските Бугари, а на целото наше племе. За жал покрај 33 годишнината тој ден уште не е оценет како треба. Ако таа пројава беше на Срби, Грци или други соседи – ќе го заглушеа светот и илјади паметници ќе се издигнеа.
На паднатите илинденци треба да се издигне еден величествен паметник, макар и вон од окрвавената земја. А за поука на поколенијата необходно е да се приготви еден филм, кој јасно да ја илустрира моќта на Внатрешната М. О. Р. О. на чело со Илинден.
Поклон и слава на паднатите Илинденци!”
