| |

Благоевград одбележа 148 години од смртта на истакнатиот бугарски револуционер Георги Измирлиев-Македончето

Со положување венци и свежо цвеќе во Благоевград беа одбележани 148 години од смртта на истакнатиот бугарски револуционер Георги Измирлиев – Македончето, јавува сајтот Пиринско.

Пред споменикот на Измирлиев почит кон неговото дело изразија заменик градоначалникот за култура, спорт и туризам Станислав Кимчев, заменикот на областниот управник Крум Аргиров, претседателот на Општинскиот совет на Благоевград Радослав Тасков, општественици и други граѓани.

Георги Измирлиев-Македончето е роден на 21 април 1851 година во градот Горна Џумаја во семејството на Димитар Измирлиев и Тона Икономова, локални јавни личности и општественици.Георги Измирлиев се вклучил во подготовката на Априлското востание како помошник апостол на Трновскиот револуционерен округ. Во текот на подготовките на востанието бил фатен по предавство и осуден на смрт со бесење. Казната била извршена на 28 мај 1876 година, во градот Горна Орјаховица.

Во 1976 година, во родниот град на револуционерот, денешен Благоевград, неговата родна куќа е претворена во куќа-музеј „Георги Измирлиев-Македончето“



Слични Објави