| |

Власта треба да одговори дали вистински сака унитарна, европска и евроатланска Северна Македонија*

Facebook статус на Ивон Величковски

Опасноста од мајоризација е реална. Притоа мајоризацијата над Албанците е “само” средство за легитимирање на владеење на финансиско-партиски-клерикалниот “систем” над мнозинството, т.е. Македонците. И не е поврзана со партии.

Како и да се нарекувала државата на просторот на денешна Република Северна Македонија, во континуитет уште од периодот по Балканските војни.

Конкретно, прифаќањето на моделот на мајоризација и пред и по втората светска војна на Македонците им се наметнува како репер на докажување лојалност и припадност кон системот. Тоа паралелно значи да прифаќаат дека македонската самобитност ексклузивно зависи од панславистичката заштита од Москва во европски и од Белград во балкански рамки.

На таа основа, во периодот 1945-91, на Македонците им се нуди впечаток на супериорност кон сите останати во републиката и околу неа, освен кон конститутивните народи на Федерацијата.

Секако, впечатокот на супериорност е по цена на обврска за потчинетост кон системските Македонци. Тоа на кусо го илустрира југо-македонизмот што неповратно замина со БЈРМ.

Рамковниот, Преспанскиот и Софискиот договор и дома и меѓународно значеа прекин на системската финансиско-институционална супремација која иако замислена над Немакедонците – всушност ги угнети, осиромаши и исели Македонците. Со бугарски пасоши. Стоикусур илјади пред една деценија, денес можеби и повеќе?!

Затоа овие три договори, кои Северна Македонија од ориентална ја вратија во европска и евроатланска припадност, ќе останат “трн во око” на владејачката елита во доаѓање, односно на нејзините партнери по “огнената линија” што ја соопшти Џ.Кери пред една деценија.

И на нив ќе им се спротивставува подривајќи ги нивните инструменти, од “Балансер” до примена на уставното име. Обидувајќи се во тоа да ја навлече и опозицијата.

Тоа прво стана јасно со нарацијата на “партиите на Македонците” кои заедно со медиумите мораа да ги следат узансите на нивните југо-советски тајкунски газди и во 2024 произведоа резултати од изборите со за реплицирање на околностите од 1998-99.

А трендот се потврди со расчекорот во МПЦ-ОА околу потребните потези за добивање на Томосот за автокефалност од Вселенската патријаршија.

Расчекор како избор меѓу признавање на врховноста меѓу еднаквите за национална (во Северна Македонија) или само етничка црква по етнофилитистичкиот (мајоризирачки и супремацистички) терк на Москва гарантиран со “Томосот” од Белград.

И така во 34-тата година од независноста:

– власта треба да одговори дали вистински сакаат унитарна, европска и евроатланска Северна Македонија,

– Синодот треба да одговори што е постаро: Охридска Архиепископија или Пеќка Патријаршија?

* Насловот е на редакцијата



Слични Објави