| |

БУЧКОВСКИ ПРОГНОЗИРА 100 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ПРЕДНОСТ ЗА СДСМ ПРЕД ВМРО-ДПМНЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

-Бегството на Груевски создаде тензична атмосфера во правосудството каде што некои од осомничените од СЈО, а кои изминатиов период имаа примерно поведение, стануваат колатерална штета и условно речено дополнително страдаат. Контроверзиите околу законот за амнестија можат да бидат тема на симпозиуми каде ќе ги анализираат правници, но од друга страна како политичар и човек кој гради имиџ на државник кој може да ги носи тешките одлики, а тоа е одлика на Заев изминава година, мислам дека е свесен дека за ова ќе плати политичка цена. Но тоа е единствениот начин да ги обезбеди оние три пратеника кои се осомничени за 27 април. Станува јасно дека прагматизмот во овие моменти оди пред принципите на владеење на правото. Комплицирана ситуација, но ова е единственото можно решение – изјави Бучковски во интервју за „Канал 5“.

Тој прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ. (Повеќе)



Слични Објави