Златоград-лулка на бугарската просвета уште од 1830-та година
Згушениот во прегратките на Родопа планина -Златоград е лулка на бугарската просвета уште од 1830-та година. Тогаш во една од собите на Стојанковата куќа се отвора првото ќелијно школо во овој дел на Бугарија. По стара христијанска традиција ќелијното школо секогаш се градело блиску до црква. Во 1834 година во Златоград е изградена црквата Успение Богородично. Подоцна во една од нејзините пристројки се преместува и ќелијното школо.
Еден од клучните учители во школото бил Јаков Змејкович од селото Вруток- гостиварско. Змејкович доаѓа во Златоград во 1880-та година и бил учител таму до 1896 година.
Познато е дека тој ги исфрлил од школската програма грчкиот и турскиот јазик и предавал само на бугарски јазик. Во негово време се започнува и со чевствувањето на 24-ти Мај како ден на Св. Кирил и Методиј.
Во 1852 година во Златоград е отворено и взаемно училиште, првото светско училиште во овој дел на Бугарија.
Според некои толкувачи од Златоград тргнува преродбеничката култура на Родопите. Таму е откриен најстариот документ од времето на преродбата „Златоградски писмовник од 1852 година“. Истиот може да се види во музејската збирка Просветно дело во средните Родопи, изложена во взаемното училиште.
Извор: БГНЕС
