ЗЕКИРИ ИМ ПОРАЧА НА ДУИ: НЕ СЕ КИТЕТЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА, ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЗАСЛУЖЕН Е СДСМ
„Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отварање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот “Македонија едно општество” за сите!!!
Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша на својот facebook профил пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири.

