|

Чешка ќе купува муниција за Украина со приходите од замрзнатите руски средства

Чешка ќе искористи дел од каматата од руските средства замрзнати во Европската унија за купување муниција од голем калибар за Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на таа земја.

„Ова е единствена можност за брза и ефикасна поддршка на Украина“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.

Во јуни, Украина ја доби својата прва пратка, испораките продолжуваат секој месец, рекоа чешките власти.

Слични Објави