Иван Михајлов- еден од симболите на борбата за слобода и правда на македонските Бугари*
Во пресрет на 103. Конгрес на МПО, кој викендов ќе се одржи во Гранд Рапидс, Мичиген, Генералниот конзулат на Бугарија во Чикаго, на својата Facebook страна го објави елаборатот на Ива Токушева за животот и делото на Иван Михајлов.
„Секој свесен човек има врвна должност да направи се за да ја зачува духовната заедница на нацијата, без разлика на политичките граници што ја делат“.
Иван Михајлов
Во животот на секој народ има личности кои стануваат симболи на борбата за слобода и правда. За Бугарите, еден од овие симболи е Иван Михајлов, фигура која продолжува длабоко да одекнува во срцата на македонските Бугари.
Неговиот живот и дело оставиле неизбришлива трага не само во бугарската историја, туку и врз Македонската патриотска организација (МПО).
Иван Михајлов е роден на 27 август 1896 година во штипско Ново Село и израснал во средина проткаена со идеали за слобода и национално обединување. По завршувањето на образованието во Солун и Скопје, активно се вклучува во Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), а во 1924 година го презема нејзиното раководство и се етаблира како нејзин водач. Како резултат на тоа, ВМРО стана, според зборовите на Трендафил Митев, најмоќната револуционерна организација во светот. Не случајно во 1928 година американскиот весник „Чикаго дејли њуз“ пишува за Иван Михајлов: „Тој ѝ вдахна нов живот на револуционерната организација и неговото име стана познато низ Југоисточна Европа. Тој стана легенда“.
Дополнително, во „Вашингтон пост“ во 1934 година, Арч. А. Марси подвлекува: „Прогресът на ВМРО се дължи в голяма степен на лидерството на Иван Михайлов… Този водител днес се очерта като един от най-големите конспиратори и революционери в света. Културен и пътувал, той има качествата на цивилизован човек, какъвто и е. Обаче, верен на своята кауза, той е твърд и действува с бързи и унищожителни ефекти …”
Иван Михајлов и ВМРО брзо најдоа заеднички јазик и изградија силни врски со МПО, создавајќи моќна меѓународна мрежа против србизацијата и елинизацијата на Македонија. Преку објавените книги и статии, идеите и стратегиите на Михајлов наидоа на поддршка кај македонските Бугари во САД и Канада. Под негово раководство, ВМРО и МПО создадоа моќна пропагандна мрежа која успеа да привлече меѓународна поддршка за македонската кауза.
Весникот „Македонска трибуна“, издаван во САД од МПО, стана водечко издание за бугарската дијаспора и важен глас во одбрана на македонските Бугари. Еден од најголемите успеси на Иван Михајлов е објавувањето на месечниот весник „Македонија“ на четири јазици: англиски, француски, германски и италијански на осум страници. Тоа беше официјален орган на ВМРО и претставуваше моќно информативно оружје. Неговиот прв број бил објавен на 20 август 1954 година, но по протестите во Италија, Југославија и Грција, властите во Рим побарале весникот да престане да излегува. Последниот број е од октомври 1958 година. Заедно со Македонска трибуна, која продолжува да се издава до овој ден.
Во интервју со Кеворк Кеворкјан во Рим во 1990 година, Иван Михајлов тврди: “Трябва ти да ги побеждаваш обстоятелствата, да са ти в джоба и да ги използваш! А те, обстоятелствата, са свързани с хора, с обстановки, с власти, с всевъзможни работи. Но щом в Македония българщината, българското не царува, бих казал, че не ми се спи чак, като помисля за това… ”.
Во 1958 година, неговиот соработник Асен Аврамов пред конгресот на МПО изјавил: „Михайлов казва, политическите формули и решения трябва да служат на народностите, но в никой случай народностите не могат да бъдат пожертвани за която и да е политическа формула“.
Денес, наследството на Иван Михаилов живее во активностите на организацијата, оставајќи жив симбол на нескротлива волја и борбен дух, инспирирајќи ги новите генерации да продолжат со неговото дело. Американското издание „Literary Digest“ го нарекува Иван Михајлов „најомразениот, најобожуваниот и најстрашниот човек на Балканот“. Тој е жив доказ дека и во најтешките времиња, една личност со непопустлива волја и јасна визија може да го промени текот на историјата.
Нека неговиот пример ги инспирира идните генерации во борбата за подобра и поправедна Бугарија и градењето на мостови на пријателство и разбирање со нашите соседи.
“Разбирателство, сътрудничество и равноправие между отделните народности в страната – това пък бе и си остава основно условие за бъдещата независима Македония и за мир на полуострова. Нека твърдо вярваме, че ще дойде време, когато в света не ще остане помен от днешните неправди.“ – Иван Михајлов до 42. Конгрес на МПО, 1963 година.
* Насловот е на редакцијата
