| | |

(Видео/Галерија) Благоевград му оддаде почит на големиот бугарски револуционер и легендарен водач на ВМРО Тодор Александров

Благоевград вчера ја одбележа 100-та годишнина од убиството на големиот револуционер и легендарен водач на ВМРО Тодор Александров, јавува БНТ.

Благоевградската јавност го испочитува ликот и делото на Александров со положување на венци и свежо цвеќе пред бистата на револуционерот пред Судската палата. Пред церемонијата беа претставени факти од животот и делото на Александров.

„Ова е човекот кој во тешките години по Првата светска војна, кога Бугарија беше буквално фрлена на колена, кога националната кауза не беше успешно постигната, успеал да им вдахне самодоверба и надеж на поробените Бугари во Македонија.“ рече историчарот проф. д-р Валентин Китанов.

БТА Благоевград објави галерија од настанот на својата Facebook страна. Во одбележувањето учествуваше и НД „Традиција“ РК Благоевград Г.Измирлиев-Македончето. Видеото од одбележувањето можете да го видите на следниот линк.



Слични Објави