Во селото Дерманци во Бугарија се одржа собир поклонение по повод 156-та годишнина од раѓањето на Христо Чернопеев
Во село Дерманци Р. Бугарија, родното место на големиот револуционер и припадник на ВМОРО Христо Чернопеев, се одржа собир поклонение по повод 156 години од неговото раѓање.

Беше одржан водосвет и беа положени венци и свежо цвеќе пред бистата на војводата.
Присутни на настанот беа заменик градоначалникот на Обштина Луковит – Георги Георгиев, избраниот за пратеник од редовите на партијата ГЕРБ Павлин Јотов, ученици од ОБУ “Неофит Рилски” с. Дерманци, Пензионерски клуб “Христо Чернопеев”, Читалище”Христо Ботев -1895 г.”, локални жители на село Дерманци и обштина Луковит.

Организатор на настанот е кметицата на село Дерманци Галина Спасова од редовите на ГЕРБ.
Фото: Цвети Попова
