| |

ОПШТИНА ГОСТИВАР ОТВОРИ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЛАСКАРЦИ

Општина Гостивар отвори сметка за специјални донации за помош на членовите на семејствата на жртвите и повредени во несреќата на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Лаласкарци. Одлуката на Советот на Општина Гостивар беше едногласно усвоена на 12-тата седница и веќе е активна. Средствата може да бидат донирани на жиро сметка: 716024021578990, приходен код: 72591600, цел на дознака: За поддршка на жртвите во трагедијата кај Ласкарци.

Извор: Алсат М

Слични Објави