| |

ДРАМСКИ ПРЕТЕСЕН ЗА НЕШТО ЌЕ ТЕ ПИТАМ БАБО НА NEXT TIME

Синоќа Драмскиот театар во Скопје беше претесен за сите што сакаа да го видат новото ремек дело на дуото „Next Time“. Стефан и Мартин ја промовираа својата преработка и видео записот на старата македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо”, пред преполната сала.
По преработката на старите македонски песни „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите”, кои уживаат голема популарност, познатото македонско дуо реши да одговори на предизвикот и да направи уште една преработка, која според реакциите на присутната публика, ја очекува успехот од претходните две песни.
Во овој проект повторно се вклучени маестро Никола Мицевски и режисерот Огнен Шапковски.
Погледнете видео од промоцијата:

и самиот спот:



Слични Објави