АПЕЛАЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ ЗАЕВ ЗА „ПОТКУП“
Апелациониот суд Скопје извести дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана не јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1“
Потсетуваме дека Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека од локален бизнисмен побарал 160 илјади евра мито за продажба на државно земјиште. На 21 мај минатата година, Кривичен донесе ослободителна пресуда за Заев. Ваквата одлука до Апелација ја обжали обвинителството.
