| |

Во Воено-медицинската академија во Софија беше извршена уникатна за Бугарија васкуларна операција

Уникатна за Бугарија хируршка интервенција беше извршена во Воено- медицинската академија во Софија, соопштуваат од болницата. Во месец декември доктор Никола Колев од Клиниката за васкуларна хирургија и неговите колеги доктор Тодор Самарџиев и доктор Тодорка Најденова извршија за прв пат во Бугарија ендоваскуларна интервенција на торако абдоминална аневризма со користење на модифициран од хирургот ендографт. Уникатното за користената техника е тоа што за прв пат се користат додатни расклонувања на протезата под формата на браншови.

Ендоваскуларната интервенција продолжила седум часа а на 48 -от час пациентот веќе бил во вертикална положба , коментира д-р Колев.

Торакоабдоминалните аневризми на аортата се меѓу најкомплицираните случаи на светско ниво во областа на васкуларната хирургија.

,, Во време на развој на онкологијата васкуларните заболувања се сериозна контраиндикација за спроведувањето на хемо терапија. Благодарение на интердисциплинарниот приод и модерната мултипрофилна материјална база на ВМА во Клиниката за васкуларна хирургија се вршат ендоваскуларни репарации на аортата при пациенти кои имаат и онколошки заболувања. Исто така и во смисла за пред оперативно во однос на онколошкото заболување”, вели доктор Никола Колев и појаснува дека во изминатата година тимот на Клиниката за васкуларна хирургија на ВМА извршил 15 такви операции .



Слични Објави