Шекеринска и Харадинај ја потврдија одличната соработка меѓу Скопје и Приштина
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Приштина се сретна со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
„Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на средбата министерката Шекеринска и премиерот Харадинај. Министерката истакна дека Македонија цврсто верува дека добрососедските односи се вистинскиот пат кон развиен и просперитетен регион. Шекеринска посочи дека заедничката седница на двете влади планирана за оваа година ќе ја зајакне и унапреди соработката меѓу Македонија и Косово“, соопшти МО.
Министерката доцна попладне ќе се сретне и со командантот на КФОР, генерал – мајор Салваторе Куочи.
