НОВ ОБИД ЗА ДОГОВОР МЕЃУ ДПМНЕ И СДСМ ЗА СТАТУСОТ НА СЈО
Во Министерството за правда попладнево се одржува нова средба на работните групи на Владата и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да се постигне договор за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.Владината работна група ја предводи министерката Рената Дескоска, а на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонио Милошоски и адвокатот Тони Менкиновски.
На последната средба што беше одржана завчера во Министерството за правда немаше никакво поместување во делот на разговорите.-Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на законот, а тоа е околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. (Повеќе)

